На новата Листа на должници бр.05/2021 на Управата за јавни приходи (УЈП) објавени се 1.685 должници – правни лица (помалку за 61 од претходната листа) и 2.876 физички лица (повеќе за 103 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2021 изнесува 8.667.220.130 денари, помалку за -487.483.115 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.453.893.286 денари (помалку за 492.806.290 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 217.275.282 денари (повеќе за 5.323.175 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП
Проверете дали сте на новата Листа на должници на УЈП
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.