еМагазин
Image default
Македонија

51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 459.213 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 285.957 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.712 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.478 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани.

Со последните бројки 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваатна vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците се во приоритетните групи, вели Филипче

Викендов ќе пристигнат 500 илјади вакцини „Синовак“, утре уште 100 илјади „Фајзер“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија објави, па се поправи дека Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател

Редакција

Дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива во Собрание продолжува утре

Редакција

Приведени вкупно четири лица за случајот „Јавна соба“, акцијата на МВР продолжува

Редакција