еМагазин
Image default
Македонија

Џафери ќе ги распише локалните избори на на крајот на јули или почетокот на август

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на крајот на јули или почетокот на август ќе ги распише локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. Тоа, како што истакна, ќе зависи од информациите кога завршуваат мандатите на градоначалниците.

На средбата со новинарите, претседателот на Собранието рече дека нема да остави простор некој да искористи некој формален аспект на „пропуст” што потоа би бил подлога за суштински аспект со што би го довел во прашање целиот изборен процес.

Тој предупреди дека доколку изборите би се одржале на 17 октомври, тогаш изборната кампања би можела да се поклопи неколку дена со пописот на населението, што завршува на 30 септември.

-Кога ќе дојде време ќе пуштам писмо до Државната изборна комисија (ДИК) во однос на роковите и мандатите, рече Џафери.

На 1 јули започнува комисиската дебата за ребалансот на Буџетот. Во тие десет дена нема да има пленарни седници, освен ако има нешто итно, додава тој. До 1 јули би требало да се одржи седница за една од интерпелациите поднесени од опозицијата.

Претседателот на Собранието посочи дека во законодавниот дом не се стигнати предлозите за еколошката такса на горивата и за намалуање на ДДВ кај струјата и оти не знае кога би биле ставени на дневен ред на седница.

Џафери на 28 и 29 јуни ќе биде во Брисел на покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. На 28 во Брисел ќе се одржи конференција на претседатели на Парламенти на која ќе учествуваат сите претседатели на собранијата од земјите од Западен Балкан. Оттаму, Џафери вели дека ќе бидат упатени пораки до ЕУ по последната одлука за недобивање датум за Северна Македонија и Албанија.

Џафери го дели мислењето дека проблемот е во ЕУ и принципот на едногласност. Од педесетите години, кога е основана Унијата, околностите се променети и очигледно е дека тој принцип на едногласност е проблематичен. Но, ние не треба да се откажеме од европските вредности, вели претседателот на Собранието.

Во однос на разговорите со Бугарија и дали Парламентот во Скопје ќе се вклучи на некој начин во овој процес, Џафери рече дека нашето Собрание го ратификувало Договорот со Бугарија и оти владите се тие што разговараат за ова прашање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска завршни зборови на Обвинителството за „Талир 2“

Редакција

Пиштолот пронајден покрај телото на Маја Јанеска е на нејзиниот партнер, кој одбил преглед од паталог

Редакција

Градоначалникот на Велес и неговото семејство негативни на коронавирусот

Редакција