еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пиштолот пронајден покрај телото на Маја Јанеска е на нејзиниот партнер, кој одбил преглед од паталог

Порталот news24.com објави дека пиштолот кој беше пронајден покрај беживотното тело на Македонката Маја Јанеска (Маја Миа) во Јужна Африка бил на нејзиниот партнер Кајл Филипс, утврдила истрагата на јужноафриканската полиција, која сè уште е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали е самоубиство: Македонската инфлуенсерка Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата

Повикувајќи се на полициски извори, порталот објави дека Филипс наводно одбил да се подложи на преглед од државен патолог, кој е задолжен за спроведување на обдукцијата на Јанеска.

Додека разговарале и се обидувале да утврдат дали има некакви траги по телото, тој „буквално бил опколен од своите телохранители“.

Смртта на Јанеска во оваа фаза од истрагата не се третира како сомнителен случај, иако нејзините роднини и блиски пријатели не веруваат дека станува збор за самоубиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Која е Маја Јанеска, Македонка од Охрид, која загина во Африка

МНР ќе го организира транспорт на посмртните останки на инфлуенсерката Маја Јанеска од Јужна Африка

Фото: Инстаграм/Јанеска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „27 април“: Чавков околу 18 часот бил во неговата канцеларија во „Технометал Вардар“, вели негов поранешен обезбедувач

Редакција

Чаир, Гази Баба, Бутел, Карпош, Аеродром, Сарај, Центар се уште со голем број на активни случаи со корона вирусот

Редакција

ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

Редакција