еМагазин
Image default
Македонија

Денеска завршни зборови на Обвинителството за „Талир 2“

Во Кривичниот суд – Скопје, денеска завршни зборови за предметот „Талир 2“ изнесува Обвинителството.

Во „Талир 2“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 257 здравствени работници во Македонија заразени со корона вирусот, оздравени 236

Редакција

И медицинска сестра од Детска клиника заболена од коронавирусот

Редакција

Да не се повтори: 18. години од масакрот кај Вајце, во кој загинаа осум бранители

Редакција