еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсено лице кое му помогнало на Палевски да избега од Србија во Турција

Уапсен е 46-годишен маж од Скопје, кој му помогнал на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо да избега од Србија во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков

Јавното обвинителство за него побара 48-часовен притвор.

-Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р. Бугарија и тоа со влез во Р. Бугарија на ГП Калотина и излез од Р. Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција).

И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор.

Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако мотивот бил пари, зошто Вања е убиена неколку часа по киднапирањето?

Заврши распитот, таткото на Вања негира дека му давал информации на Љупчо Палевски за ќерка му

Притвор и истрага за Љупчо Палевски, првоосомичениот за убиството на Вања и Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата „крчка“ законски измени за покачување на платите во јавниот сектор

Редакција

Македонските власти имаат разбирање за одлуката на Србија да го суспендира патувањето без ПЦР тест

Редакција

Машинскиот персонал во бојкот, железничкиот сообраќај во прекин

Редакција