еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор и истрага за Љупчо Палевски, првоосомичениот за убиството на Вања и Панче

Првоосомичениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо, кој е во бегство, доби 30-дневен притвор, кој ќе се реализира веднаш кога ќе биде достапен на македонските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Распишана меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања и Панче

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело, информираа од Кривичниот суд Скопје.

Претходно Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Палевски.

-За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако мотивот бил пари, зошто Вања е убиена неколку часа по киднапирањето?

(Фото) Телма објави фотографии од местото каде била закопана Вања

(Фото) Убиениот Панче Жежовски бил закопан во триметарска јама

Фото: Фејсбук/Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тони Коњановски e новиот градоначалник на Битола, Христо Кондовски го призна поразот

Редакција

Стартува „Проект куќа со Кристина“: На семејствата кои живеат во тешки услови им се реновираат домовите

Редакција

Во Косово е Ден на жалост, по убиството на полицаец на северот на државата

Редакција