еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денари

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, за денар поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 73 денари, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63 денари за литар, а се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 1,144 денари и ќе изнесува 37,152 денари за килограм.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 1,91 процент.

Регулаторната комисија за енергетика во образложението на одлуката наведува дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,671 процент, дизелот за 1,433 проценти, екстра лесното масло за 1,411 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,244 процемнти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,332 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радиостаниците Антена 5, Канал 77 и Метрополис лани заедно имале приход од 51,58 милиони денари

Редакција

Во блок трансакција продадени акции од „Макошпед“ за 92.000 евра

Редакција

Угостителите со Иницијатива до Народната банка за менување на законските прописи

Редакција