еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како може да го добиете: Изготвен е сертификат за прележан Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во „Мој Термин“ е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан Ковид-19.

„Сертификатот се издава за сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем.

Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.

Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код,“ се вели во соопштението.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Фото: Photo by Markus Winkler on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Протест против “францускиот предлог“ пред Собрание

Редакција

Кој е Милен Врабевски, кој го финансира новото бугарско здружение во Битола, „Балкански мост“

Редакција

Роби „Телекабел“: 23 години постојан раст во држава како Македонија, значат и години на немир, проблеми, притисоци, закани

Редакција