Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Република Хрватска, на гробиштата „Мирогој“ во Загреб положи венец и оддаде почит на гробот на македонскиот револуционер и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посмртните останки на Панко Брашнаров, кој го отвори првото заседание на АСНОМ останаа во Загреб
Претседателот Пендаровски беше запознаен со напорите за враќање на посмртните останки на Брашнаров во родниот Велес.
На спомен плочата, поставена од општина Велес, е испишано „Животворниот извор на слободата не секна“, извадок од поздравниот говор на Панко Брашнаров на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ во Манастирот „Св. Прохор Пчињски“.
МИА/Фото: МИА/Кабинет на претседателот