еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Срби играа фудбал на границата со Македонија за да им помине времето на чекање поради гужвата и долгите колони

Србите кои тргнаа на годишен одмор најдоа начин како да се искулираа додека чекаат да помине гужвата на границата и ова е хит, пишува белградскиот портал Ноизз.

Деновиве има огромен метеж на границите, особено кон некои морски дестинации каде Србите одат на одмор. Една од најпосетуваните локации е Грција, но сега до неа поспоро се доаѓа затоа што има бесконечни колони пред секоја граница.

Така, се чекаше и на границата со Македонија по неколку часа, а снаодливите Срби смислија како да го убијат времето без да се крчкаат во автомобил.

Еден TикТокер објави ситуација на граница каде може да се видат неколку мажи како играат фудбал среде метеж од автомобили.

– Ова може да ни се случи само нам. Но, за разлика од минатата година, кога најмногу се расправаа кој смее да помине, ова е многу поубава слика – е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Видеото брзо стана вирално и многумина ги пофалија дури и граничарите кои не ги потераа момците во автомобилите, бидејќи ретко каде е дозволено да стоите надвор од превозот на граничните премини.

„Не е ова попусто најважната споредна работа во животот. Еве што друго би можеле да правите освен да играте фудбал. Браво момци“, пишува во коментарите.

МИА/Видео/фото: МИА/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот се „врати“ во Црна Гора

Редакција

Во Турција е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели

Редакција

Македонија да ги почитува човековите права и рекол Радев на претседателката на Европската комисија

Редакција