еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Летување во Грција: Детален список на цени од ноќевање, лежалки, кафе до леб

Според srbijadanas.com цените за ноќевање во Грција, на кафето, изнајмување на комплет чадор и лежалка за на плажа, и сл., не се разликуваат многу од тие пред пандемијата со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапо летување во Грција за невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19

Според srbijadanas за десетдневен престој, генерално треба да одвоите слична сума како и пред пандемијата, но за најбараните датуми во јули и август, ќе Ви бидат потребни до 700 евра за 10 ноќевања во двокреветна хотелска соба.

На почетокот и средината на јули, може да се најдат апартмани за 10 ноќевања на Халкидики по цена од 160 евра, а на Тасос во екот на сезоната можете да поминете 10 дена во хотел за 290 евра.

Во Ханиоти, 10 дена летен одмор во вила ќе Ве чини нешто повеќе од 400 евра во јули. Во Лефкада, цените на сместувањата во средината на јули се движат од 35 евра по лице, а таквите цени Ве очекуваат во јули и август и во Скијатос и Полихроно.

Според srbijadanas комплет лежалки и чадор во барови во Пефкохори чинат 4 евра со задолжителна потрошувачка, а цената на кафето е околу 4 евра.

Надвор од Пефкохори има барови на плажа каде можете да набавите лежалка и чадор за сонце. Кафето чини 4 евра, пивото 5 евра, со неограничен престој. Во Херманос можат да се изнајмат две лежалки и чадор за 10 евра.

Комплет лежалки и чадор за сонце во барови на Халкидики последните години чинат претежно околу 5 евра.

Цените на овошјето и зеленчукот во продавниците се слични како и кај нас, а месото е нешто поскапо. На пример, цената на лебот на Халкидики е околу 40 центи, килограм домати чини 2,1 евро, а лубеницата е 1,1 евро. Маслиновото масло чини 5 евра, а цената на шест литарски балон со вода се движи до 1,7 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите гранични премини ќе работат 24 часа: Грција ги отвори и граничните премини Меџитлија и Дојран

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради големиот број на заразени со Ковид-19 во Хрватска, сите поголеми болници во Загреб стануваат ковид-центри, се подготвува и Арена

Редакција

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Редакција

(Галерија) Македонскиот модел Елена Реи снимаше каталог за престижна американска дизајнерка која ги облекува Обама, Лопез, Трамп, Палтроу

Редакција