еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Поскапо летување во Грција за невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19

Летувањето во Грција за туристите кои не се вакцинирани или не го прележале Ковид-19 станува поскапо.

Така, освен рапид или ПЦР тест за влез во Грција, ним од 15 јули ќе им треба тест и за затворените делови на угостителските објекти, ноќните клубови, кината, театрите и сл., чии што сопственици ќе треба да одлучат дали ќе работат само за вакцинирани лица и оние кои прележале Ковид-19 или да бидат “мешани“ простори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важи и за туристите: Во Грција од 15 јули повеќе привилегии за вакцинираните и тие што прележале Ковид-19

Во „чистите“ простори, како што ги нарекоа грчките власти, ќе можат да бидат само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид-19, а во „мешаните“ освен овие две категории, влезот ќе биде дозволен и за останатите граѓани, но само по направен брз тест.

За влез во „чистите“ простори, потребно е, вакцинираните да имаат сертификат и да се поминати 14 дена од втората доза, а за оние кои прележале, тоа да е во изминатите шест месеци.

Контролата на влезот ќе биде преку дигитална апликација што ќе ја потврди автентичноста на сертификатите за вакцинација или прележана болест и за тестовите во „мешаните делови“, во дигитален или печатен формат.

Апликацијата ќе биде бесплатна. Објектите ќе имаат посебна ознака на влезовите дали се „чисти“ или „мешани“.

Реакциите на оваа одлука на грчките власти од страна на угостителските и сл. објекти се негативни, бидејќи доколку одлучат да работат само со вакцинирани клиенти или оние кои прележале Ковид-19, тогаш капацитетот за работа ќе им биде поголем, па така, за внатрешните простори на угостителските објекти, за кината и театрите, како и за просторите на кои се одржуваат настани во живо ќе биде дозволена исполнетост од 85% од капацитетот, а во спротивно, ако просторот е „мешан“, тогаш дозволена е работа со 50% од капацитетот.

За ноќните клубови, без разлика дали се на отворено или во затворен простор, ако работат само со вакцинирани и лица кои прележале, дозволена е работа на 60% од капацитетот, а 25%, ако „примаат“ и невакцинирани лица со негативен рапид тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19 за патување на грчките острови ќе им треба ПЦР или рапид тест

Тест и за грчките острови

Доколку пак сакате да патувате на грчки остров од 5 јули исто така ќе Ви треба сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР или рапид тест.

Децата до 12 годишна возраст ќе патуваат слободно, а за оние од 12 до 17 години, потребен е било каков тест, вклучително и селф тестот, односно тестот за домашна употреба.

Рапид (брз) тест во Грција чини околу 20 евра, селф тест околу 5 евра, а ПЦР тест околу 60 евра.

За враќање од островите, пак постои препорака сите над 12 годишна возраст да прават селф тестови.

Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт.

Освен неопходните документи поврзани со Ковид-19, за патување со брод на грчките острови, задолжително е и пополнување на специјален формулар, достапен на sea.travel.gov.gr.

Се шири индискиот сој

Заштитата на јавното здравје е причината за новите мерки, велат грчките власти, а во меѓувреме индискиот сој или Делта се шири низ Грција, а се појави откако земјата се отвори за туристи.

Заклучно со вчера во Грција има 54 потврдени случаи на Делта мутацијата, а повеќе од половина (30) се во градот Ираклио на островот Крит, а од нив 14 се поврзани по проверката на контактите на веќе познат случај.

Останатите 24 случаи се во различни делови на Грција: осум во поширокиот регион на Атина, пет во Солун, четири на островот Лезбос, два на островот Парос и по еден на Халкидки, во Коринт, во областите Евија и Ахаија и на атинскиот аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе работат 24 часа: Грција од денеска ги отвара сите гранични премини со Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да поддржиме партнер во Владата ако се заканува со радикализација и реорганизација на Македонија: Демократски сојуз за влезот на АА

Редакција

Издадени неколку работни дозволи за лица од Непал и Пакистан да работат во Македонија: Почна „увозот“ на работници

Редакција

(ВИДЕО) Француските специјалци користат гранати против „Жолтите елеци“

Редакција