еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема да поддржиме партнер во Владата ако се заканува со радикализација и реорганизација на Македонија: Демократски сојуз за влезот на АА

Демократски сојуз до премиерот Димитар Ковачевски ги достави своите ставови за влезот на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, информираат од таму.

-Во тек се активности за реконструкција на Владата на Република Македонија, при што во Владата се вклучува Алијанса за Албанците.

Освен персоналниот состав на Владата, за Демократскиот сојуз и пошироко за јавноста се клучни програмските определби, поради што бараме со програмските барања на АА да се информираат партиите и јавноста.

Инаку, не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари заплашува со радикализација на Албанците, ако Бугарите не влезат во Уставот

Демократски сојуз ги афирмира приоритетите за кои и досега имаше усогласени ставови со СДСМ, но за нивната реализација досега ништо не е направено.

Донесување на Измени и дополнување на Изборниот законик, со кои Македонија ќе биде една изборна единица. Предлог-законот е разгледан и поддржан од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, кaкo и од Законодавно – правната комисија. Законот е ставен на дневен ред, но претседателот на Собранието го блокира и не ја закажува седницата за да започне расправа по истиот.

Започнување на робусна и неселективна борба против тешките облици на криминал преку целосна департизација на институциите надлежни за откривање и сузбивање ка криминалот, како и донесување на Закон за Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција. Ангажирање на најстручните кадри од постојните институции и алокација на средства од истите во Агенцијата.

Реформи на судскиот систем преку измени на Уставот со кои ќе се укине Уставниот амандман со кој се амнестирааат судиите од кривична одговорност за донесена одлука, укинување на трајниот мандат на судиите, ревизија на работата на сите судии и утврдување на имотната состојба.

Донесување на Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со кој ќе се преиспитат монтираните судско-полициски случаи, преку обезбедување услови за фер судење и можност да се користат и нови докази.

Транспарентност на скрининг процесот, вклучување на сите креативни и стручни кадри, континуирано информирање на Парламентот, а преку него и на опозицијата, за да се обезбеди и поголемо единство, поддршка и континуитет.

Формирање на Фонд за младите, 2% од Буџетот на РМ за започнување на самостоен бизнис. Создавање на законски предуслови за секој студент по дипломирањето да може година дена да работи во јавниот или во приватниот сектор, со плата во висина од просечната плата, обезбедена од Буџетот на РМ.

На овој начин поголем број од младите ќе останат да работат и да создаваат во Македонија.

При формирањето (избор или реконструкција) на Владата и покрај тоа што се работи за политичка Влада, да се води сметка за компетентноста на кандидатите, за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, како и за имплементацијата на правилото на Бадентер и Балансерот при вработување. На правична застапеност на сите етнички заедници во изминатите 20 години инсистираше ДУИ, но со најавите за новиот состав на Владата нема гаранции дека тоа ќе се почитува.

За да се спречат партиските влијанија при вработување, да се предвиди казна затвор од 3 години, доколку се злоупотребува позицијата за влијание при вработување, велат од партијата.

Фото: Демократски сојуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија која и позајми на Македонија 500 милиони, се задолжила кај Кина за 1 милијарда евра

Редакција

Заврши расправата за уставните измени, власта не најде 80 пратеници, гласањето одложено

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Сите детали за новите платежни картички: Кој ќе добие пари за купување македонски производи и услуги?

Редакција