еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Вакцината на „Џонсон&Џонсон“ против Ковид-19 може да предизвика ретко невролошко нарушување

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат дека постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата.

Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на синдром Гилен-Баре (Guillain-Barré) по вакцинацијата се „многу мали“. Но, додаваат дека оние кои примиле вакцина J&J треба да побараат лекарска помош доколку се чувствуваат слабо и имаат потешкотии при движење.

Околу 12,8 милиони луѓе примиле вакцина J&J во САД, а пријавени се и 100 извештаи за ГБС кај вакцинираните со вакцината, вклучувајќи 95 сериозни случаи кои бараат хоспитализација и еден потврден смртен случај.

ГБС е ретка невролошка состојба во која имуниот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нервните влакна. Повеќето случаи се придружени со бактериска или вирусна инфекција, а повеќето луѓе се опоравуваат целосно.

Таа состојба беше поврзана со вакцинации во минатото – најмногу со кампањата за вакцинација за време на епидемијата на свински грип во САД во 1976 година и децении подоцна со вакцината употребена за време на пандемијата на грип H1N1 во 2009 година.

МИА/Фото: Photo by Spencer Davis on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автопатот Кичево-Охрид дупка без дно: ГИ „Македонија“ го доби тендерот за докомплетирање на проектот вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Владата им препорачува на работодавачите да организираат работа од дома

Редакција

Уште четири текстилни работнички од Штип заболеа од корона вирусот и едно лице кое не е поврзано со досегашните кластери

Редакција