еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за два денари

Цените на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто.

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 72,5 денари, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 74,5. Малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 61 денар за литар.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот за 1,717 отсто и кај дизелот за 0,886 отсто, како и за 0,123 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите се во многу тешка позиција поради неизвесноста, велат од Стопанска комора

Редакција

Поскапуваат и цигарите

Редакција

Хедвика Усеник назначена за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка

Редакција