еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Многу успешен разговор со Заев и Рама во пресрет на Форумот во Скопје на 29 јули, оцени Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше денеска преку видео врска со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за регионалниот економски форум што ќе се одржи во Скопје на 29 јули, јави дописникот на МИА од Белград.

-Многу успешен разговор со Заев и Рама посветен на подготовките за регионалниот економски форум што го организираме заедно на 29 јули во Скопје, напиша Вучиќ на официјалниот профил на Инстаграм „Будуќностсрбија“.

Регионална иницијатива што ќе не поврзе и ќе го подобри животот на сите наши граѓани. Заедно градиме нов Балкан, економски, дополни Вучиќ.

На состанокот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

На последната видео конференција на Вучиќ, Заев и Рама на 29 јуни, тројцата соговорници порачаа дека се „свесни да само со заедничката соработка и прифаќање на регионалната соработка во рамките на разни регионални иницијативи како што се заедничкиот пазар, регионалниот Шенген, зелените коридори или Берлинскиот процес, можеме да ги приближиме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашиот народ и да донесеме големи инвестиции, кои би биле можни за секој од нас поединечно“.

Соговорниците се согласија да се сретнат во Скопје на 29 јули за да го разгледаат напредокот во спроведувањето на постојните иницијативи и проекти и да потпишат дополнителни договори меѓу трите земји во врска со спроведувањето на обврските од Берлинскиот процес, како и соработка и помош во случај на природни катастрофи олеснување за трговијата, извозот и увозот, беше еден од заедничките заклучоци на видео конференцијата одржана пред еден месец.

-Ги повикуваме и охрабруваме нашите колеги од регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан наскоро, преку единствениот пазар, ќе стане важен дел од секојдневицата на нашите граѓани, порачаа српскиот претседател и премиерите на Македонија и Албанија на видео конференцијата на 29 јуни.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бењамин Руси назначен за почесен конзул на Косово во Дебар

Редакција

Заев, Вучиќ и Рама денеска и утре во Тирана на „Отворен Балкан“, ќе потпишат шест договори

Редакција

Заев од Тирана: Заеднички регионален пазар за земјите од Западен Балкан е исклучително важно во овој период

Редакција