еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Воената морнарица во Лисабон со плотуни го поздрави доаѓањето на Шекеринска: Македонија и Португалија за првпат почнуваат соработка во одбраната

Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Македонија и Португалија – било речено на средбата на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу, синоќа во Лисабон, каде што делегација од Министерството за одбрана и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета.

Шекеринска беше дочекана од португалскиот колега со највисоки почести и свечена церемонија на која интонирањето на нашата државна химна беше проследено со почесни плотуни од страна на воената морнарица во чест на доаѓањето на министерката. Заблагодарувајќи се на поканата за посетата Шекеринска изрази надеж дека Договорот за билатерална соработка во одбраната наскоро ќе биде потпишан и дека двете држави ќе имаат успешна соработка, информираат од Министерството за одбрана.

„Португалија беше меѓу првиот бран држави кои ја почнаа ратификацијата на протоколот за наш прием во НАТО, што го сметаме за исклучително пријателски чин и политичка волја за поддршка на Северна Македонија.

Уверена сум дека тоа создаде добра основа да развиваме искрена и плодна соработка како сојузници во Алијансата“, рекла Шекеринска на средбата.

Министерката го запознала португалскиот колега со плановите за воена интеграција на земјава во НАТО, која треба да заврши до крајот на оваа година, како и со можностите кои ги нуди воениот полигон Криволак, кој го развиваме како домашен и капацитет на Алијансата.

Министерот Кравињу го потврдил интересот за воспоставување Договор за билатерална соработка и рекол дека Португалија високо ги цени постигнувањата на Северна Македонија на планот на членството во НАТО и придонесот што го дава во регионалната безбедност и стабилност. Тој ги поздравил заложбите за почеток на преговори со ЕУ на нашата земја и истакнал дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ.

Двајцата министри договориле заеднички вежби на специјалните сили, и поголема соработка во сајбер одбраната за што министерот Кравињу изразил подготвеност да дадат поддршка и преку програмата PESCO, чии активности ги координира Португалија.

Делегацијата на Министерството за одбрана и Армијата ја посети и Командата за здружени операции – оперативно седиште за НАТО, ОН и ЕУ мисии во странство, каде имаше брифинг и разговори со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили, адмирал Антонио Силва Риберо.

Исто така ги посети и НАТО академијата за комуникации и информации, како и воената школа за обуки и тренинзи за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија, велат од Министерството.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од среда попладне снег, за викендот многу студено

Редакција

Како да реагирате и да се заштитите во случај на земјотрес

Редакција

42 лица од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

Редакција