Регионалниот центар за управување со кризи Тетово вчера во 18:30 часот на повик од чешки планинар на Шар Планина, во реонот на месноста Лешница, организираше акција за спасување на повреден планинар и за пронаоѓање на група од седум планинари од Чешка, којашто се изгубила на планината.
Целата комуникација, сè до нивното проаоѓање и згрижување на повредениот (со скршеница на рака) се остварувала до 20:25 часот, информира ЦУК.
РЦУК Тетово, заедно со субјектите од Системот за управување со кризи (СУК) коишто во моментот можеле брзо да реагираат, биле во постојана комуникација и се координирале за да ги искористат сите можности за да се спасат планинарите заедно со повредениот, пред настапот на ноќта.
-Активностите се одвивале паралелно од повеќе субјекти. Додека дел од припадниците, конкретно пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво, кои први – веднаш при првиот контакт, тргнале да ги бараaт планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, возилото од Брзата помош од Тетово, со помош на другите субјекти и РЦУК Тетово (по определување на координатите на теренот согласно и според последните јавувања на изгубените планинари) се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар до непристапниот терен, согласно проодноста на планинските патишта.
На задоволство на сите ангажирани од РЦУК Тетово и СУК, планинарите се пронајдени, извлечени од планината, а повредениот планинар, со скршеници на раката, е згрижен, се вели во соопштението на ЦУК.
Фото: ЦУК