еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од Обвинителство: Сузбиена криминална група што се занимавала со продажба на дрога и оружје, уапсен и полицаец

По повеќемесечно криминалистичко истражување, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на денешниот ден Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции спроведоа координирана полициска акција за сузбивање на повеќечлена организирана криминална група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Детали од МВР за полициската акција во која се упасени 12 лица, меѓу кои и полицаец, за дрога и оружје

„Според прибраните и документирани докази во текот на истражувањето е утврдено дека групата е формирана со цел стекнување на противправна имотна корист, има строго утврдена хиерархија и структура и се занимава со продажба на наркотична дрога и оружје.

Членовите на групата подолг временски период извршуваат кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од член 215 и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Во текот на денешната акција постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации во Скопје и притоа се одземени материјални докази што ќе бидат испратени на вештачење.

Од слобода се лишени 12 лица од 19 до 47 години меѓу кои и една жена и еден полициски службеник, а се трага по три лица кои во моментов се недостапни за органите на прогонот.

Надлежниот јавен обвинител по добиената кривична пријава ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лицата.

Воедно ценејќи дека се исполнети условите за одредување на мерката притвор, ќе му предложи на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје истата да ја определи за сите осомничени лица,“ се вели во соопштението од Обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен и полицаец: Голема полициска акција во Скопје за апсење на лица, вмешани во трговија со оружје и дрога

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето за датум за преговори до октомври

Редакција

Предлог-буџетот за 2023 година усвоен од Владата: За што ќе се трошат парите на граѓаните

Редакција

Апанажа од 2.500 евра за Ковачевски и Спасовски месечно, цела година

Редакција