еМагазин
Image default
Бизнис

Издадена нова емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра

Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од осум милиони евра. Со неа ќе се обесштетат граѓаните кои имаат правосилни решенија за денационализација од 1 јануари до 31 декември 2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници.

– Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2 проценти, информира Министерството за финансии.

Во соопштението од ресорното Министерство се наведува дека државата може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата.

Тргувањето со обврзниците ќе се врши на Македонската берза, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Берзата.

Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за отплата на станови во општествена сопственост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. јули рестораните работат и на затворено со исполнетост до 40%, одлуката не важи за дискотеките, кабареата и клубовите

Редакција

Домаќинското осигурување е деловен партнер во секојдневниот живот

Редакција

(Видео) Мукаетов дел од регионалниот Форум на менаџери: Нѐ очекува исклучително тежок период, кризата неминовно ќе се одрази врз работењето на компаниите

Редакција