еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во јули зголемени трошоците на живот

Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со јули лани, трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти.

Пораст во однос на јуни е забележан кај цигарите за 0,9 проценти, млекото за 0,8 проценти, лебот и житата за 0,4 проценти и пивото за 0,3 проценти.

Зголемување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49,9 проценти, гасот за домаќинствата за 8,4 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5 проценти, течните горива за домаќинствата за 4,7 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 3,4 проценти, услугите за сместување за 2,2 проценти…..

Намалување е забележано кај маслото и маснотиите за 2,2 проценти, виното за 1,6 проценти, месото за 0,7 проценти и сирењето и урдата за 0,3 проценти.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот има и кај парамедицинските услуги, теписите, облеката, мебелот и покуќнината, кујнскиот прибор, обувките…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје: Остануваат средства за уште 4 000 барања за субвенции за инвертери

Редакција

Нов пакет мерки за справување со ковид-кризата: Кој се ќе добие пари

Редакција

„Неправда, па тоа е неправда“: Најниска плата од 450 евра, побараа работниците на денешниот протест

Редакција