еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен бројот на туристите и на ноќевањата

Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период  претходната година, бројот на туристите е зголемен за 42,5 отсто, додека бројот на ноќевањата за 54 проценти.

Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во овој споредбен период има зголемување за 97,8 отсто, а кај странските за 8,3 проценти.

Во однос на ноќевањата, зголемувањето кај домашните туристи е за 87,2 отсто, а кај странските за 27,9 проценти.

Бројот на туристите во јуни 2021 година изнесувал 47 167 и од нив 47,2 отсто биле домашни туристи, а 52,8 странски. Бројот на ноќевањата, пак, изнесувал 117 701 и од нив 52,6 проценти биле од домашните, додека 47,4 од странските туристи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за 2, а дизелот за 0,50 денари

Редакција

Промовирана првата Регионална Берза за поддршка на мали и средни претпријатија во Македонија

Редакција

Просечната плата во ноември 27.588 денари

Редакција