еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни пожари во Сарај, Новаци и Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево на прес-конференција соопшти дека се уште е активен пожарот кај Сарај, а нови пожари има во општините Новаци и Кавадарци, како и над селото Црвена Вода кон планинскиот дом Китка.

По интервенцијата на двата армиски хеликоптери пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај бил локализиран, но попладнево околу 15 часот повторно е активиран на три места по што е информирана Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Нов пожар околу 14 часот е забележан и во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума,а друг пожар утрово е забележан и над селото Црвена Вода кон планинарскиот дом Китка.

– Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија е се уште активен и се прошири кон висорамнината Витачево кон село Страгово во Општина Кавадарци. На рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт околу четири километри и засега висорамнината Витачево е безбедна.

Пожарот е навлезен во шума во селото Барово, во место викано Балдовец, каде што теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување за гаснење  за што се бара и интервенција од воздух, информираше портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова.

На овој пожар, како што истакна Вчкова, интервенираат противпожарни екипи од Кавадарци и Неготино.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР доделило милионски бизнис на приватна фирма за набавка на храна иако има свои кујни, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Здравствените работници од ГОБ „8 Септември“ протестираа за плати

Редакција

Пресуда за „Трезор“ на 13 април

Редакција