еМагазин
Image default
Локално

Едно лице приведено поради обид за измама

Во текот  на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе на лице место е фатено лице при обид да изврши измама.

-По насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје извршени претреси на две локации во Скопје и притоа пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривично дело „измама“, пријавено на подрачјето на СВР Штип.

Од извршените истражни дејствија и сите преземени оперативно – тактички мерки постојат основи на сомневање дека измамите на подрачјето на СВР Штип (Штип, Свети Николе и Берово) за наводна набавка на жито ги извршил Б.А., кој се наоѓа во затвор, а преку соучесникот Г.Г. ја наплаќал договорената непостоечка житна култура, стои во соопштението од МВР.

Како што информираат од Министерството, акцијата е спроведена од полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе во координација со Секторот за насилен криминал при Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје.

По документирање на случајот од ОВР Свети Николе ќе следува соодветна пријава до надлежниот обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија кај Гостиварско: Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа

Редакција

222 санкционирани возачи во Скопје, меѓу кои 60 за пречекорена брзина

Редакција

Карпош е во мрак од 1 часот по полноќ, бидејќи општината штеди на струја

Редакција