еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицаец од Свети Николе доби кривична за лихварство

ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(50) од Свети Николе, вработен во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението од МВР, пријавениот, во периодот од 2020 до 30.07.2021, неовластено се занимавал со давање пари на заем, како и на потрошни предмети на одложено плаќање, искористувајќи ја социо-економската положба на оштетените, при што се стекнал со имотна корист од 539.800 денари.

При претреси во три објекти, сопственост на О.Ц., извршени со судска наредба биле пронајдени и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства, се посочува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За него Македонците се северномакедонци со бугарски корен: Кој е Слави Трифонов, клучниот “играч“ за формирање влада во Бугарија

Редакција

Влада: Да се одложат хируршките интервенции каде што постои можност и посетите на специјалист

Редакција

Путин: Санкциите на Западот против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности

Редакција