еМагазин
Македонија

Во Радовиш досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници

Во Радовиш досега е поднесена една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници од Горан Поцев.

Според информациите од Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија, кандидатурите се поднесени денес и до 30-ти овој месец подносителите треба да ги соберат потребниот број потписи.

За Општина Конче досега нема поднесено независна кандидатура за градоначалник и листа на советници.

Инаку, во Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Радовиш трае увидот во Избирачкиот список и досега 52 граѓани го искористиле своето право да извршат увид, а нема ниту едно барање некој да биде запишан во Избирачкиот список.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бошкоски во „Тортура“: Од полицајците кои го апселе слушнал дека ова му е „поздрав од шефот“

Редакција

Никој не сака да биде претседател на синдикатот на новинарите

Редакција

Заев го промени мобилниот уред и бројот: Премиерот и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста

Редакција