еМагазин
Image default
Забава

„Макфест“ и годинава на отворено на 17 и 18 септември

Фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи.  Дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт на 17 и 18 септември.

Публиката во шоу програмата ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, првата вечер, а втората вечер ќе настапат Дац и Александар.

Инаку штипјани синоќа на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ уживаа во макфестовските хитови.  По повод Денот на независноста од страна на Владата беше подржан проектот „30 хитови од „Макфест“ за 30 години независност. Публиката потпевнуваше  на хитовите и победничките песни на „Макфест“, кои се испеани во изминатите 35 години.

Хитовите се пееја во живо, а настапија Ристо Самарџиев, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Ѓоко Таневски, Наде Тружба

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Богата програма на Скопско лето и оваа недела

Редакција

„Girls night“: Утре музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба

Редакција

(Видео) Како би изгледала Македонија после апокалипса: Објавен трејлерот за филмот „М“

Редакција