еМагазин
Image default
Македонија

Втор ден без починати од Ковид-19, се намалува и бројот на хоспитализирани во тетовската болница

Во последните 24 часа нема починати меѓу хоспитализираните пациенти со Ковид-19 во тетовската клиничка болница.

Поминаа 48 часа или два дена без смртни случаи, а ги имаше секојдневно во болницата во изминатите речиси 30-тина денови.

-Вкупно нови приеми има шест, а исто толку луѓе се пуштени дома по болничко лекување. Сега вкупно има 82 лица кои се хоспитализирани поради компликации од Ковид-19. За прегледи се јавиле 142 лица во амбулантата на ковид – центарот, изјави д-р Гзим Нуредини.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, во Тетово има 1.437 активни случаи. За време на пандемијата над 450 лица во тетовскиот регион починаа од Ковид-19.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ги одби жалбите на обвинетите за „Монструм“

Редакција

По пожарот, Генчовска ќе го посети центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

Двајца од Скопје, по еден од Велес и Прилеп: Починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19

Редакција