еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

АСОМ со донација за семејствата на настраданите лица во пожарот во Тетово

Со сочувство и поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница за ковид пациенти во Тетово, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ќе додели еднократна финансиска помош во висина од по 60.000 денари по семејство, информираат од таму.

„Ова е голема загуба за семејствата на кои во оваа прилика им изразуваме длабоко сочувство. Човечкиот живот е ненадоместлив и не постојат зборови за утеха. Но во овие моменти на неизмерна болка и тага за блиските на починатите, сакаме да понудиме искрена поддршка и помош.

Заедно со членките, едногласно и без двоумење одлучувме да донираме парични средства на сите семејства кои загубија свој близок во пожарот во Тетово”, истакнуваат од АСОМ.

Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка на Црвениот Крст на РСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Венко Филипче супермен

Редакција

(Фото) Светската филмска елита уживаше во врвните вина на „Тиквеш“

Редакција

Од денеска па се до 17. август заборавете на се друго, освен на шопинг во Рамстор мол: Започна Garage Sale

Редакција