Имаме релативно стабилна состојба со репродуктивниот број на SARS-CoV-2, кој последниве три недели во просек е 0.87, пишува доктор Харис Бабачиќ, од Каролинскиот институт во Шведска, на неговиот Фејсбук-профил.
„Пикот на заразувања е веројатно поминат, а веројатно го поминуваме пикот на активни случаи. Бројот на случаи би требало да опаѓа во наредниве две недели, но не драстично.
Ова не значи дека можеме да се опуштиме и дека немаме нови заразувања во тек. Состојбата може да се смени, бидејќи не сите случаи се изолирани и ќе има повеќе мешање во периодов кој претстои.
Проблем претставуваат граѓаните кои избегнуваат да се тестираат и регистрираат како случаи, што ги поматува процените. Вардете се и понатаму како досега.
Не постои никаква дилема дека сите возрасни граѓани треба да се вакцинираат и дека вакцините се ефикасни и безбедни. Исклучок се малиот процент граѓани кои имаат некоја контраиндикација.
Доколку сакате драстично да го намалите сопствениот ризик од Ковид-19 тешка болест и смрт, вакцинирајте се со две дози вакцина,“ пишува Бабачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт од Ковид-19 да бидеме?
Фото: Фејсбук/Бабачиќ