еМагазин
Image default
Македонија

Вчера вакцина примиле 7.518 граѓани, вкупно 703.878 се ревакцинирани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани, соопшти Министерството.

Со последните бројки, како што се посочува, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, стои во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.689 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 341 болни од Ковид-19, од Скопје 186

Редакција

Судењето за убиството на Денис Тот продолжува на 3 октомври

Редакција