еМагазин
Image default
Македонија

Фрчкоски предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска потврди дека професорот по меѓународно право Љубомир Фрчкоски е предложен за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк.

На денешната средба со медиумите, а потоа и во изјава, Џафери рече дека пристигнати се материјалите за Фрчкоски, а кога ќе биде свикана седница на собраниската Комисија за надворешни работи зависи од претседателот на Комисијата.

– Имам добиено материјал. Од Министерството за надворешни работи доставени се тезите на дотичното лице, се работи за професорот Љубомир Фрчкоски.

Во соодветна процедура Министерството ги достави тезите на кандидатот и веднаш се доставени до претседателот на Комисијата за надворешни работи, но досега не е свикана седницата.

Таа е во надлежност на претседателот на Комисијата за надворешни работи. Кога ќе реши тој да ја свика, тогаш би требало да биде, изјави Џафери.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера вакцина примиле 7.518 граѓани, вкупно 703.878 се ревакцинирани

Редакција

За македонскиот јазик Бугарија е на губитничка позиција, смета бугарскиот историчар Илчев

Редакција

ДИК: Не сме побарале и препорачале одложување на изборите

Редакција