еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 43,6% од полнолетните граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

„Заклучно со 30 септември вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794, а трета доза примиле 235 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47,2%, а со две дози опфатени се 43,6% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 48 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестови, 7 се реинфекции

Редакција

(Видео) Воениот оркестар на Обединетото Кралство ја пречека министерката Петровска со „Јовано, Јованке“

Редакција

Справувањето со корупцијата во Македонија, приоритет на САД за годинава, најави американската амбасадорка Агелар

Редакција