еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Справувањето со корупцијата во Македонија, приоритет на САД за годинава, најави американската амбасадорка Агелар

САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, следната недела, изјави денеска амбасадорката на САД, Анџела Агелар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советникот на Стејт департментот, Шоле доаѓа во Македонија

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на советникот, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Агелар посочи дека ова биде ќе многу интензивна година, а, како што рече, советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за Македонија.

Во однос на прашањето дали разговарал за резултатите од истражувањето на американскиот тим кој пристигна во Скопје да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери, министерот Османи рече дека рамката, која што ги дефинира односите помеѓу САД и Македонија и во однос на содржината е стратешкиот дијалог и акцискиот план, кој што произлегува од него, за кој, како што рече, се очекува да биде усвоен од Владата во наредните денови.

– Во тој стратешки дијалог, во таа рамка, односно во тој акциски план, највидно место зазема заедничката соработка со САД во делот во борбата против корупцијата. Така што тоа е во рамки на договорена платформа за соработка помеѓу САД и РС Македонија и секоја нивна поддршка е добредојдена и сме благодарни за тоа, рече министерот.

Дополни дека останува на САД да одлучи на каков начин ќе ја дадат таа поддршка.

– Минатата година ја дадоа веднаш по склучување на стратешкиот дијалог преку финансиска поддршка, дополнителни милиони евра за правосудството. Преку експертска помош, односно обука на луѓето кои се вклучени во правосудството. Еве, најава и преку листа на санкции, рече тој.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првиот човек на Скопски џез фестивал, Белопета го демантира Заев

Редакција

Рочиштето за „Рекет“ одложено за утре поради здравствени проблеми на Боки-13

Редакција

Сите детали: Кој се е во трка за пратеник на престојните избори

Редакција