еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советникот на Стејт департментот, Шоле доаѓа во Македонија

Советникот на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле од 11 до 13 јануари годинава ќе ги посети Македонија, Косово и Србија.

Целта на посетата, како што објави Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

На 11 јануари Шоле ќе престојува во Скопје, со посебна меѓуагенциска делегација. Предвидено е да се сретне со владини претставници и да разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Американскиот советник од Скопје заминува за Приштина на средби со владини претставници, политички лидери и претставници на граѓанското општество. Во фокусот на разговорите ќе бидат напорите на САД да помогнат во унапредувањето на косовската и евроатлантската интеграција, вклучително и преку дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирани на меѓусебното признавање.

На 12 јануари, Шоле ќе продолжи во Белград, каде со раководството на српската Влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристап во ЕУ.

Тој, исто така, ќе разговара за улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во Дијалогот олеснет од ЕУ за нормализирање на односите со Косово.

Шоле ќе допатува во Македонија, Косово и Србија откако претходно ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, од 8 до 10 јануари, како дел од меѓуагенциска делегација за да учествува на првиот состанок на работните групи на Форумот Негев. Тој ќе копретседава со работната група за регионална безбедност и ќе има консултации со претставници од владите на Бахреин, Египет, Израел, Мароко и Обединетите Арапски Емирати.

Дискусиите ќе се фокусираат на унапредување на иницијативите за поттикнување на регионалната интеграција и соработка. На маргините на овие мултилатерални состаноци, Шоле ќе има билатерални ангажмани со клучните претставници на Емиратите за најновите регионални и глобални случувања, вклучително и во врска со руската војна против Украина, Либија и Иран.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 7,5%: За една недела 7.418 нови случаи на Ковид-19

Редакција

За 24 часа шест нови случаи на Ковид-19 од 2.887 тестирања

Редакција

Улиците не се за трки: При брзо возење лани загинале 72 лица

Редакција