еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Раст од 7,5%: За една недела 7.418 нови случаи на Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 22 до 28 март покажуваат дека во Македонија за овој период има 7.418 нови позитивни случаи на Ковид-19.

“Тестирани се вкупно 24.904 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 1,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 7.418 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 7,5% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 21,6 до 33,2%, просечно 28,8%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.574; 48,2%), со неделна инциденца – 578,6/100.000.

Највисока неделна инциденца од 626,4/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија)“, стои во извештајот кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 134 деца до 9 години се заразиле со Ковид-19

13 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 204 смртни случаи од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега репатрирани 3.032 македонски граѓани од над 15 земји

Редакција

Чии пари први ќе почнат да се вртат на бројчаникот на Порта Македонија

Редакција

Тевдовски и Елези: Одлично функционираме како тим

Редакција