еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 134 деца до 9 години се заразиле со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 22 до 28 март покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 за овој период има лицата на возраст од над 60 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.060, 27,8%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.364; 18,4%), 30-39  (n=1.355; 18,3%), 50-59 (n=1.316; 17,7%) и 20-29 (n=865; 11,7%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=134; 1,8%) и 10-19 години (n=324; 4,4%).

Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возраснaта група од 60+ (16,3%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.682 (48,2%) лица од женски и 3.736 (50,4%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.056 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 21,3% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст од 7,5%: За една недела 7.418 нови случаи на Ковид-19

13 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 204 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот од Преспа е фантастичен пример како се решават спорови, порачаа Хан и Могерини на „Преспа форумот за дијалог“

Редакција

Хорор во Скопје: Претепал и сечел со стакло 14-годишно девојче бидејќи скршила огледало

Редакција

Фатиме Фетаи не сака да коментира за „Рекет“

Редакција