еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вангелов, Кузмановски, Бегова и Несими добитици на државната награда „11 Октомври“

Добитници на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија се професор д-р Атанас Вангелов, академскиот сликар Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими, соопшти Министерството за култура.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ донесе одлука државна награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието да му се додели на филологот професор д-р Атанас Вангелов.

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на акадесмкиот сликар Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година во 12 часот во Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод месецот на штедење

Редакција

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Редакција

ЕВН Македонија доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

Редакција