еМагазин
Image default
Локално

Молотов коктел фрлен во продавница во Тетово

Шише со запалива течност ноќеска било фрлено кон продавница во Тетово при што се оштетени долниот дел од излогот и стаклото, но повредени нема, соопшти полицијата.

Огнот е целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица, а случајот е пријавен околу 2 часот и 30 минути.

-Околу 2 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека на излог од продавница на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, сопственост на 66-годишниот Е.Ј. од тетовско Шемшово било фрлено шише со запалива течност.

Оштетен е долниот дел од излогот и стаклото. Нема повредени лица, увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лишен од слобода Грк кој сакал да пренесе непознати семки преку граница

Редакција

Каков ќе биде возниот ред на ЈСП за празниците

Редакција

Откриени 27 килограми марихуана „на пат“ за Грција

Редакција