еМагазин
Image default
Бизнис

Поради пад на температурите, од утре почнува грејната сезона во Скопје

Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, информираат од Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ).

РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија предвреме за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

„Испораката на топлинска енергија во Скопје се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, одобрена од РКЕ“, информираат од РКЕ.

Како што додаваат, според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, со цел корисниците да имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температурите во домовите да не се пониски од 20+1 степен Целзиусов.

„Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите“, соопшти РКЕ.

Оттаму додаваат дека при одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реплек лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

Глобално истражување на Payoneer: 33% од испитаниците во Македонија работат исклучиво како „фриленсери“

Редакција

Жените похрабро да влезат во светот на акциите

Редакција