еМагазин
Image default
Македонија

Вакцинирани околу 75% наставници, околу 2% ученици следат онлајн-настава

Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе побараат од медицински и од немедицински причини.

МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.

Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8.200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата.

Тестираењето за присуство на Ковид-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера на прес-конференција рече дека е планирано  скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1.600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за Бајрами, го оштетил буџетот на Државна лотарија за осум милиони евра

Редакција

На „Европскиот фронт“ на ДУИ се приклучи и Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија

Редакција

Повредени двајца македонски ученици во реонот зафатен со земјотрес во Турција, едниот со потешки повреди

Редакција