еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повредени двајца македонски ученици во реонот зафатен со земјотрес во Турција, едниот со потешки повреди

Повредени се двајца македонски ученици во земјотресот во Турција. Едниот ученик има скршеница, а другиот полесни повреди, информира Министерството за надворешни работи.

Во југоисточна Турција каде утринава беше регистриран силен земјотрес се наоѓаат вкупно девет македонски државјани, осум ученици и нивниот ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција и не се во животна опасност,

– Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција.

Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање, додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност, соопшти МНР.

Оттаму посочуваат дека досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.

– Нашите претставништва остануваат во континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен.

По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции.

Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, стои во информацијата од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 912 загинати и 5.383 повредени во земјотресот во Турција, изјави Ердоган

Видеа кои што ја покажуваат страшната разурнувачка моќ на земјотресот во Турција и Сирија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По уништувањето на браната Каховка, полињата во Херсон би можеле да станат пустина

Редакција

„Овој пат влогот е голем“, рече Димитров за евентуален договор со Бугарија на панел на Форумот Делфи, на кој приствуваше и Вархеји

Редакција

(Видео) Пендаровски: За да има помирување, треба извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи

Редакција