еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Другата страна го искористи роденденот на Делчев за кревање на тензиите, ние го положивме испитот, оцени Пендаровски

Другата страна, за жал, го искористи роденденот на Гоце Делчев за кревање на тензиите, а ние го положивме испитот и покажавме како треба да се однесува сериозна европска држава, оцени денеска претседателот Стево Пендаровски.

Според него, македонско-бугарските односи во последно време се влошуваат.

„Имавме извесно смирување после прифаќањето на европската преговарачка рамка. Минатото лето влеговме во скрининг процесот. За жал, роденденот на Гоце Делчев беше искористен од другата страна за кревање на тензиите по мене сосема непотребно.

Меѓутоа, мислам дека е неподелена оценката 4 февруари и од наша страна како држава сосема до крај, стопроцентно го положивме испитот и покажавме како една сериозна европска држава треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да одат на почит на големиот македонски револуционер и притоа да се изолирааат сите што доаѓаат со лоша намера, односно доаѓаат со намера да провоцираат и да предизвикуваат немири,“ истакна Пендаровски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со неговата унагарска колешка Каталин Новак.

Претседателот смета дека ситуацијата на границата на денот на чествувањето беше кристално јасна. Пуштен бил секој што сака да влезе во земјава и да отиде на гробот на Делчев за да оддаде почит.

„Сите оние кои сакаа да влезат во Македонија го направија тоа. На сите што влегоа од Бугарија во Македонија и сакаа да отидат на гробот на Гоце Делчев тоа им беше овозможено. Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата, се разбира, заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја.

Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе во Македонија да одаде почит на гробот на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми за што има и видео снимки, рече шефот на државата.

Тој уште еднаш повтори дека според билатералниот договор со Бугарија и според сите меѓународни норми, правила и прописи, државјаните на Македонија треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени.

„Во однос на ова што кажувате она што го прават Бугарите од Македонија во Брисел, во Софија тоа не е ништо ново. Тие не можеа да разберат од самиот почеток, иако беа примени и од мене и од другите државни авторитети.

Значи, зборувам за две-три години наназад, дека и според билатералниот договор што го имаме со Бугарија и според сите меѓународни норми, според сите меѓународни правила и прописи, државјаните на РСМ треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени во  Македонија од македонските институции.

За жал, тие тргнаа по обратниот пат и мислам дека го избраа погрешниот пат. Тоа не значи дека ние нема да ги сервисираме нивните потреби исто апсолутно идентично како и секој друг македонски граѓанин, меѓутоа мислам дека бадијала го губат времето зборувајќи со европски институции, Судот во Стразбур, а претходно да не реферирале или да не побарале поддршка или барем да објаснат во што е нивниот проблем тука во Скопје,“ потенцира Пендаровски.

Претседателот ја квалификува Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент пред четири дена како „домашна политичка потреба во очи на изборната кампања“.

„Ние имаме рамка, после преговарачката европска рамка имаме нормална рамка која се нарекува фаза скрининг која треба да заврши до крајот на ноември оваа година. Декларацијата на бугарскиот Парламент во очи на нивните избори не се разликува по ништо од декларацијата дури и не е толку лоша од декларациите кои ги видовме три години во претходниот Парламент исто така.

Она што е битно е што е европска преговарачка рамка одобрена од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и од Република Бугарија. Ова се унилатерални декларации кои до овој момент не добиваат поддршка од никого во Брисел и се разбира дека нема ни да добијат. Сакам да ja толкувам како нивна домашна политичка потреба во очи на изборната кампања,“ објасни Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вандализам и криминал не се европски вредности“: Пендаровски го осуди каменувањето на клубот во Благоевград

Пендаровски за европратеникот Јорданов: Најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи, очекувам реакција на Софија

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Педери сакаат да рушат Влада која им даде геј-парада

Редакција

Државната комисија за спречување на корупцијата вработува осум лица, плата до 26.278 денари

Редакција

Нова инвестиција на „Тиквеш“ во зголемување на капацитетот и квалитетот на приемот и преработката на грозјето

Редакција