Министерот за економија Крешник Бектеши го осудува физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски што завчера вечер се случи на тераса од угостителски објект во централното подрачје на Скопје и смета дека тоа не може да го загрози енергетскиот сектор во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Синот на Муса Џафери физички го нападнал претседателот на РКЕ, Бислимоски
-Имав прилика вчера да го гледам видеото и секако ги осудувам таквите случувања. Мене ми е мило што вчера во разговор со Бислимоски слушнав дека веќе се извиниле за нападот што му го направиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Муса Џафери не му се извинил на Бислимоски, велат од РКЕ
Не верувам дека тоа може да го загрози енергетскиот сектор во нашата држава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање.
Не сакам, потенцира, да навлегувам во независноста на РКЕ.
-Тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците, не одлучуваме ние како Министерство за економија или, пак, како Влада. Тие се во целосна надлежност на независната РКЕ чии членови се гласаат во Собранието на нашата држава, рече Бектеши.
Завчера Бислимоски беше физички нападнат од лице со лиценца за продажба на електрична енергија за кое РКЕ оцени дека не ги исполнувало своите обврски за испорака на струја кон компаниите со кои има склучено договор поради што му се заканува одземање на лиценцата за работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Влада