еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале осум лица, дополнително пријавени уште осум

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 8 лица од Ковид-19: 5 починати лица од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г), по едно починато лице од Куманово (84г), Кавадарци (62г) и Македонски Брод (53г).

Од пријавените лица седум се починати во болнички услови, а еден е во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година.

Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на починати е 6.799.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 386 случаи на Ковид-19, во Скопје 205

Убава вест: Оздравени 529 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресуда за „Трезор“ на 13 април

Редакција

Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно, вели Тренчевска за барањето на пензионерите

Редакција

Авганистанците кои ги прими Македонија, тема на утрешниот Совет на безбедност кај Пендаровски

Редакција