еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Социјално загрозените семејства ќе бидат најмногу погодени од инфлацијата и поскапувањата, вели Беџети за РСЕ

Можеби годината ќе заврши до 4,5-5 отсто инфлација, според индексот на цените на мало, и мислам дека тоа веќе е сериозен сигнал дека тука треба да се оди многу внимателно, да се дизајнираат политиките, затоа што тоа удира директно на таа потрошувачка кошничка, која доминантно е од прехранбени производи, а тоа не е нешто нестандардно кај земјите во развој, вели академик Абдулменаф Беџети во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

„Обично прехранбените производи во таа кошничка учествуваат доста значајно, до 40 отсто. Тоа секако може да ги погоди основните прехранбени производи почнувајќи од жито, леб, млеко, масло и другите прехранбени производи.

Семејства кои се социјално загрозени ќе бидат во многу тешка состојба. Во таа смисла не мислам дека ова алармирање што беше дадено од стопанствениците е реално до толку, барем не за овој период, зборуваме за 3-4 месеци, освен кај енергенсите каде што веројатно состојбата ќе биде сериозна во тој дел.

Нормално енергијата е инпут на секој производител, на секој транспортер и по тој верижен систем влијае во преносот. Покачување на енергијата влијае на покачување на цените,“ вели Беџети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата ќе удри по џебот на граѓаните: За стан или викендичка која не ја користите три пати поскап данок, ако не пријавите дека ги имате ќе ви наплатат пет пати поскапо

Редакција

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Редакција

Бездомните лица под Кале ќе бидат згрижени во установи за социјална заштита

Редакција