Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, синоќа замина од Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Владата.
-Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, соопшти владината прес-служба.
Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што досега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.
-За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, стои во соопштението.
Фото: Влада