еМагазин
Image default
Македонија

74,9% од лицата со Ковид-19 и 79% од хоспитализираните, од 40.208 граѓани позитивни на вирусот, биле невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, за периодот од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

“Во периодот од 06.08 до 14.10.2021 година на територија на државата 40.208 граѓанин се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 30.142 граѓани, односно 74,9% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

233 лица од 1.382 починати од Ковид-19 биле вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице оздравено од Ковид-19, вкупно до сега 150.124

Редакција

Државна ревизија: Резерва за финансиското работење на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Редакција

Инспектори на УЈП му врачиле налог за финансиска контрола на Боки 13 во затворот во Шутка

Редакција