еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во селото Челопек се трага по наводната прва жртва на пожарите во Македонија

Полицијата трага по 60-годишната жена од селото Челопек, кај Старо Нагоричане, за која нејзиниот сопруг тврди дека е исчезната, а се претпоставува дека изгорела во нивната куќа.

Денеска рачно и со механизација се пребаруваше и нивната целосно изгорена куќа, но остатоци од тело не се пронајдени.

Официјална потврда дека таа е првата жртва на пожарите во Македонија нема.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска на прес – конференција изрази сочувство за жената од Челопек.

– Најпрвин сакам да изразам сочувство на човекот кој вчера ја загуби сопругата, тажно е тоа што се случи во кумановско Челопек. Еден живот е загубен, тоа е она што неколку дена го зборуваме, на прво место безбедноста на луѓето, рече Ангелов.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Василичарски оган и колбаси на дното на Охридското езеро

Редакција

Владата одлучи: Се забрануваат новогодишни прослави, угостителските објекти ќе работат до 18 часот

Редакција

СЈО денеска ќе го достави предлогот до Кривичен за куќен притвор на Мијалков

Редакција